• среда, 25 декември 2024

И покрај предупредувањата од МАЕ, европски банки финансираат фосилни горива

И покрај предупредувањата од МАЕ, европски банки финансираат фосилни горива
Лондон, 14 февруари 2022 (МИА) - Европските банки обезбедуваат милијарди долари за поголемо производство на нафта и гас, покажа денешниот извештај, иако Меѓународната агенција за енергија (MAE) даде упатства, со кои треба да се запре глобалното затоплување. Во текот на 2021 година, 25 водечки банки во Европа на енергетските компании што планираат да го зголемат производството на нафта и гас, им обезбедија 55 милијарди долари, се наведува во извештајот на ШерАкшн (ShareAction). Иако сумата е речиси половина помала од 2020, а заостанува и од онаа од 2019, кога изнесуваше 83 милијарди долари, ги надмина 2018 и 2017 година, кога за финансирањето такви проекти беа издвоени 49, односно 50 милијарди долари. Анализата покажа дека најголеми суми обезбедија HSBC, Barclays i BNP Paribas. ShareAction ги повика инвеститорите да побараат од банките да спроведат мерки, што ќе го ограничат финансирањето на нафта и гас и на годишните состаноци да ги поддржат одлуките насочени кон борба против климатските промени. Портпаролот на HSBC изјави дека работат со клиенти на енергетска транзиција, како и дека на 22 февруари ќе објават цели, засновани на наука, што ќе го усогласат финансирањето на нафта и гас, со целите и роковите од Парискиот договор. Портпаролот на Barclays, исто така, изјави дека имаат за цел да го усогласат финансирањето со глобалниот договор за климата од 2015 година, додавајќи, дека тие официјално планираат да ги намалат емисиите на нивните клиенти во енергетскиот сектор за 15 отсто до 2025 година. За свој коментар, портпаролот на BNP Paribas, не беше веднаш достапен. бд/ссм/

Остани поврзан