• четврток, 26 декември 2024

И опозицијата и владејачката партија се надеваат на победа на парламентарните избори во ЈАР

И опозицијата и владејачката партија се надеваат на победа на парламентарните избори во ЈАР

Јоханесбург, 27 мај 2024 (МИА) – Повеќе илјади приврзаници на јужноафриканската опозициска партија Демократски сојуз (ДА) денеска на стадионот во Бенони го имаа последниот митинг пред парламентарните избори, шшто се закажани на 29 мај. Приврзаниците на ДА носеа маици, знамиња и чадори на кои пишуваше „Да ја спасиме Јужноафриканската Република“.

Јужноафриканската опозиција им вети на приврзаниците дека на парламентарните избори в среда ќе го собори Африканскиот национален конгрес (АНЦ), партијата која е на власт од крајот на апартхејдот.

Во среда, АНЦ ќе го изгуби мнозинството што го злоупотребуваше со децении, мнозинството што го искористи за да ја турне земјата во невработеност, корупција и лошо владеење, истакна лидерот на ДА, Џон Стинхујзен.

На 29 мај 27,6 милиони лица со право на глас треба да 400 пратеници, кои потоа ќе го именуваат следниот претседател. На избнорите учествуваат околу 50 партии. Според анкетите за ДА би гласале 25 проценти од граѓаните, а за АЦН од 40 до 46 отсто.

Многу гласачи се поделени помеѓу лојалноста кон АНЦ, која ја ослободи земјата од апартхејдот и растечкото разочарување поттикнато од невработеноста и недостигот на вода и струја триесет години по демократијата, што може да ги одврати од гласањето за историската партија.

Претседателот на ЈАР, Сирил Рaмафоза во синоќешното обраќање до нацијата уште еднаш ги истакна достигнувањата на АНЦ и напредокот постигнат од крајот на апартхејдот за граѓаните на ЈАР, пред се во образованието, борбата против насилството врз жените и борбата против корупцијата. Тој се надева на втор претседателски мандат и оти победата на АНЦ е неизбежна. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан