• недела, 24 ноември 2024

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот
Ница, 18 септември 2020 (МИА) – Францускиот град Ница ќе воведе забрана за собирање на повеќе од 10 лица на јавни места, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија денеска властите на тој град. Шефот на регионот Приморски Алпи на прес-конференција објави дека баровите ќе бидат затворени од 30 минути после полноќ до шест наутро, а продажбата на алкохол ќе биде забранета по 20 часот. Исто така, се воведува и забрана за собирање на повеќе од 1.000 луѓе на големи јавни настани, наместо досегашните 5.000. Вчера во Франција беа регистрирани рекордни 10.593 случаи на коронавирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. јт/

Остани поврзан