• сабота, 27 јули 2024

И на Коморските Острови пријавен случај на Ковид-19

И на Коморските Острови пријавен случај на Ковид-19
Акра, 30 април 2020 (МИА) – Коморските Острови го пријавија првиот случај на новиот коронавирус, со што станаа 53 од 54 африкански земји во кои се појави оваа заразна болест. На целиот африкански континент има повеќе од 37.400 заразени, од кои 1.598 починале. Од сите африкански земји, само малото кралство Лесото во јужниот дел на континентот засега нема пријавено случај на новиот коронавирус. јт/

Остани поврзан