• недела, 24 ноември 2024

И гувернерот на Ломбардија во карантин, неговиот помошник заразен

И гувернерот на Ломбардија во карантин, неговиот помошник заразен
Милано, 27 февруари 2020 (МИА) - Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Италија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две недели откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус. Фонтана ова го објави во видео порака на Фејсбук. Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија. Во земјата се пријавени 400 случаи на Ковид-19, што е најголем број на заразени во Европа. јт/

Остани поврзан