• четврток, 26 декември 2024

И граѓаните на Босилово со вода за пиење се снабдуваат од канистри

И граѓаните на Босилово со вода за пиење се снабдуваат од канистри

Босилово, 17 октомври 2024 (МИА) - Општинскиот центар Босилово заедно со селата Секирник, Робово и Радово од денеска се снабдува со вода за пиење од канистри откако денеска комуналното претпријатие објави дека водата во овие населени места не може да се користи за пиење, објавија денеска од Општина Босилово

-Општина Босилово веднаш пристапи кон обезбедување вода за пиење согласно позитивните законски прописи. Канистри со вода за пиење се поставени во Босилово,Секирник, Робово и Радово. Квалитетот на вода за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабараторија на центарот за Јавно здравје-Струмица, стои во објавата на општинската фејсбук страница.

Се додава дека ќе се праваат дополнителни анализи на водата за населените места Турново, Бориево и Еднокуќево и затоа им се препорачува на граѓаните и од овие села до добивање на резултатите од анализите да не ја користат водата за пиење.

Инаку, и во Струмица и во Василево водата не може да се користи за пиење, па таму повеќе денови граѓаните со вода се снабдуваат од канистри и цистерни. рт/дма/

Фото: Општина Босилово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан