• четврток, 26 декември 2024

Ишингер реагира зошто Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина

Ишингер реагира зошто Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина
Белград, 16 јуни 2020 (МИА) - Германскиот дипломат Волфганг Ишингер револтирано реагираше на Твитер поради тоа што Ричард Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина на 27 јуни во Белата куќа без координација со Европската унија. Гренел одговори дека е потребна акција, а не само разговори. „Во спротивност со ЕУ? Реакција од Берлин, Париз, Брисел? Што ако ЕУ преговара за длабоки и инклузивни области на слободна трговија со талибанците?“, напиша Ишингер. Гренел одговори со прашање зошто Ишингер не и предложи на Европската унија да преземе чекори кон визна либерализација. „Ги поздравуваме сите активности, а не само разговорите“, возврати Гренел, алудирајќи на неефикасноста на Европската унија во дијалогот и политиката за ова прашање воопшто. „Зошто не објавувате дека ЕУ треба да преземе чекори во врска со визите - што ветуваа со години? Народот на Косово и Србија заслужува напредок“, напиша Гренел на Твитер. паг/  

Остани поврзан