• недела, 06 октомври 2024

ИХФ: Начевски и Николов ќе судат на ракометниот Мундијал во Египет

ИХФ: Начевски и Николов ќе судат на ракометниот Мундијал во Египет
Виена, 4 јануари 2021 (МИА) – Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва ја објави листата на арбитри, кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство во Египет, на која се најдоа и македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Начевски и Николов се меѓу 19-те судиски тандеми, кои ИХФ ги избра за ракометниот Мундијал што од 13 до 31 јануари ќе се одржи во Египет. Завршницата во Египет ќе биде шесто последователно светско првенство за македонскиот судиски тандем Начевски – Николов, кои го судеа финалето на Европското првенство во 2020 година меѓу Шпанија и Хрватска. ег/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан