• среда, 25 декември 2024

ИФЈ: Тужба против Израел доколку не се усогласи со одлуката на МСП

ИФЈ: Тужба против Израел доколку не се усогласи со одлуката на МСП

Вашингтон, 28 јануари 2024 (МИА) - Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) се закани дека ќе го тужи Израел доколку не ја почитува наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со нападите врз новинарите.

Во писмото до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, ИФЈ посочи дека бројот на убиени новинари „е околу три пати поголем од оној на здравствените работници“ и дека е „невозможно да се верува дека тоа е случајност“. 

ИФЈ потенцира дека претставува 600.000 новинари во повеќе од 140 држави.

„Се надеваме дека хуманоста и желбата да се промовира слободата на медиумите е доволна причина да ве убедиме да ги преземете овие чекори. Ако тоа не се случи, нема да се двоумиме да иницираме акција пред меѓународните судови против израелските политичари и воени команданти и да ги охрабриме нашите 187 филијали да го сторат истото, онаму каде што домашните закони дозволуваат“, истакнува ИФЈ. 

Од почетокот на војната на Израел против Хамас, во Газа се убиени најмалку 120 новинари. ссм/

фото: архива

Остани поврзан