• сабота, 23 ноември 2024

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската анексија на четирите украински региони

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската анексија на четирите украински региони
Њујорк, 4 октомври 2022 (МИА) - Генералното собрание на Обединетите Нации закажа итна седница што ќе започне в понеделник, а каде ќе се дискутира за руската анексија на четирите региони од источниот дел на Украина, се наведува во писмото испратено од најголемото тело на ОН до 194 земји членки, јави ДПА. Како што тврдат дипломати, се предвидува и гласање резолуција со што ќе се осуди дејствувањето на Москва. Германската агенција потенцира оти е нејасно дали гласањето ќе биде в понеделник, со оглед на потенцијалниот голем број лица кои ќе држат говор. Русија во петокот стави вето на нацрт резолуцијата во 15-члениот Совет за безбедност на Обединетите Нации, а воздржани беа Кина, Индија, Бразил и Габон. Се очекува силно мнозинство да се одлучи за осуда во Генералното собрание на ОН, но, резолуцијата ќе се оценува според двата претходни исходи. Во март, Собранието ја отфрли руската инвазија на Украина со рекордно мнозинство од 141 глас, а по руската анексија на Крим во 2014 година, 100 земји членки поддржаа резолуција со што се нагласува украинскиот територијален интегритет. бд/сд/

Остани поврзан