Итната помош во Велс прогласи вонредна состојба поради зголемен број повици
- Итната помош во Велс денеска соопшти дека прогласила вонредна состојба поради големиот пораст на повици и барања за интервенција поради различни респираторни инфекции.
Кардиф, 31 декември 2024 (МИА) - Итната помош во Велс денеска соопшти дека прогласила вонредна состојба поради големиот број повици и барања за интервенција поради различни респираторни инфекции.
Службата наведе дека пред прогласувањето на вонредната состојба синоќа имало повеќе од 340 повици, додека повеќе од половина од возилата на Итната помош чекале пред болниците за да ги предадат пациентите.
Поради големиот обем на работа, пациентите чекаа неколку часа за помош, а директорот на Итната помош утрово им се извини и рече дека службата работи на санирање на состојбата пред новогодишната ноќ, пренесува „Скај Њуз“. рп/
Фото: МИА архива