• четврток, 19 декември 2024

Италија ја исклучува можноста за праќање војници во Украина и употреба на нејзино оружје за напад во Русија

Италија ја исклучува можноста за праќање војници во Украина и употреба на нејзино оружје за напад во Русија

Прага, 31 мај 2024 (МИА) – Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска ја отфрли можноста за праќање војници во Украина и за употреба на италијанско оружје за напади на цели во Русија, јави агенцијата Анадолија.

- Невозможно е Италија да прати војници во Украина, како и да се користи нашето оружје во Русија, рече Тајани пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во чешкиот главен град Прага.

Нагласувајќи дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, италијанскиот министер, сепак, рече дека според Уставот на Италија, невозможно е да се дозволи употреба на нејзино оружје за напад на Русија и да распореди војници во Украина.

- Ние не се бориме против Русија. Ние ја браниме Украина, тоа не е исто, додаде тој.

Фото: МИА архива

Остани поврзан