Италија со пораст на насилството врз медицинските работници
- Италијанските здравствени агенции забележаа пораст од 5,5 отсто во нападите врз лекари, медицински сестри и други здравствени работници во последните 12 месеци, соопшти денеска Федерацијата на здравствени и болнички агенции (Фијасо).

Рим, 12 март 2025 (МИА) - Италијанските здравствени агенции забележаа пораст од 5,5 отсто во нападите врз лекари, медицински сестри и други здравствени работници во последните 12 месеци, соопшти денеска Федерацијата на здравствени и болнички агенции (Фијасо).
Фијасо посочи дека секоја локална здравствена управа регистрирала во просек по 116 епизоди на насилство годишно, што укажува на „широка делегитимизација на Националната здравствена служба“.
Се додава дека овој тренд продолжува во последниве години, што бележи зголемување на нападите врз медицинскиот персонал. паг/
Фото: МИА архива