• вторник, 24 декември 2024

Италија не брза да одлучи дали ќе ја поддржи претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за втор мандат

Италија не брза да одлучи дали ќе ја поддржи претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за втор мандат

Рим, 15 јуни 2024 (МИА) - Италија ќе одлучи за поддршката за вториот мандат на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кога ќе ја процени распределбата на другите врвни лидерски позиции во ЕУ, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Мелони, чија поддршка може да се покаже одлучувачка за Фон дер Лајен, рече дека улогата на Италија и пораката испратена од гласачите на ЕУ мора да се препознаат во распределбата на врвните работни места во ЕУ, пренесоа британските медиуми. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан