• четврток, 26 декември 2024

Италија на пенали ја совлада Англија за втора европска титула

Италија на пенали ја совлада Англија за втора европска титула
Лондон, 11 јули 2021 (МИА) – Италија е нов европски првак во фудбал совладувајќи ја вечерва во Лондон репрезентацијата на Англија со 3:2 на пенали, откако финалето пред 60.000 гледачи на „Вембли“ по 120 минути игра заврши 1:1. Англија дојде во водство со најбрзиот гол во историјата на европските финалиња, кој по само 117 секунди го постигна левиот бек Лук Шо на асистенција на десниот бек Киран Трипие. Италија, која целосно доминираше на теренот во вториот дел и двете продолженија, го израмни резултатот во 67 минута преку дефанзивецот Леонардо Бонучи. Во пенал серијата за Италија прецизни беа Бернарди, Бонучи и Бернардески додека кај Англичаните ударите од 11 метри ги реализираа Кејн и Мегваер, За Италија, која ја продолжи својата серија без пораз на 34 натпревари, ова беше четврто финале, по европската титула во 1968, и двата порази во финалните натпревари во 2000 и 2012 година. Англија вечерва го играше своето прво финале во историјата на Европските првенства, а досега најголемиот успех го постигна во 1968 година кога заврши како третопласирана, додека во 1996 беше елиминирана во полуфиналето. ег/зс/

Остани поврзан