• четврток, 19 декември 2024

Италија/Ковид-19: Продолжен карантинот во државата до 13 април

Италија/Ковид-19: Продолжен карантинот во државата до 13 април
Рим, 1 април 2020 (МИА) - Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва ја продолжи мерката за општа изолација во државата најмалку до 13 април. - Се уште не сме достигнале услови што ќе ни овозможат да ги укинеме мерките. Јас само потпишав указ за продолжување на сегашниот режим на ограничувања до 13 април, рече Конте во телевизиското обраќање. Мерките требаше да завршат на 3 април. Конте ги повика Италијанците да ги почитуваат ограничувањата за време на велигденските празници. Следната фаза ќе биде почетокот на укинување на изолацијата и ќе почне само кога експертите ќе кажат дека е можно, додаде Конте. Трета фаза ќе биде да се излезе од кризата и да се продолжи со нормалниот живот. Започнувањето и крајот на секоја фаза ќе бидат решени по консултација со Научниот и техничкиот комитет, кој и помагаат на Владата уште од почетокот на кризата. зш/

Остани поврзан