• четврток, 26 декември 2024

Италија воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години

Италија воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години
Рим, 6 јануари 2022 (МИА) - Италија воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години во обид да го намали притисокот врз нејзиниот здравствен систем и да ги намали смртните случаи. Мерката стапува во сила веднаш и ќе важи најмалку до 15 јуни. Од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година, повеќе од 138.000 смртни случаи од Ковид-19 се пријавени во Италија, втора по големина цифра во Европа по Велика Британија. Владата на премиерот Марио Драги веќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците и здравствените работници, а од октомври лани сите вработени мора да бидат вакцинирани или да направат негативен тест пред да влезат на работното место. Одбивањето води до отказ без плата, но не и до отказ од работа. паг/

Остани поврзан