• четврток, 26 декември 2024

Италија без Скалвини на ЕВРО2024

Италија без Скалвини на ЕВРО2024

 

Рим, 3 јуни 2024 (МИА) – Италијанскиот дефанзивец Џорџо Скалвини ќе го пропушти Европското фудбалско првенство кое започнува на 14 јуни во Германија, откако ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, објавија италијанските медиуми.

Скалвини се повреди при вчерашниот пораз на неговата Аталанта со 2-3 на домашен терен од Фиорентина. Тоа беше одложениот последен натпревар во сезоната, кој се играше една недела по завршувањето на сезоната 2023/24 во Серија А.

Дваесетгодишниот Скалвини беше повлечен од теренот во 84. Минута.

Медиумите јавија дека Скалвини бил пренесен во болница каде што првите тестови покажале кинење на предните вкрстени лигаменти.

Ниту клубот, ниту италијанската репрезентација не потврдија колку долго ќе паузира Скалвини.

Италијанските медиуми објавија дека 25-годишниот дефанзивец на Јувентус, Федерико Гати е веројатна замена за Скалвини. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан