Италијански медиуми: Донарума е херојот на ПСЖ
- олманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарум е најзаслужниот за синоќешната победа на гостувањето кај Ливерпул.

Рим, 12 март 2025 (МИА) – Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарум е најзаслужниот за синоќешната победа на гостувањето кај Ливерпул.
ПСЖ го победи тимот од „Енфилд“ на пенали со 4:1, по основните 90 и дополнителните 30 минути парижаните победија со 1:0.
-Главен херој на натпреварот беше италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, кој одбрани два пенали. Донарума го однесе ПСЖ во четвртфиналето, пишуваат медиумите во Италија.
Водечкиот спортски весник во земјата дури направи супермен од него. „La Gazzetta dello Sport“ му даде оценка 9,0, што е максимум за секој играч, бидејќи 10,0 речиси никогаш не се доделува.
„Tuttosport“ го оцени перформансите на Донарума со многу високи 8,5.
Во четвртфиналето, ПСЖ ќе игра со победникот од мечот Астон вила - Бриж (3:1 по првиот натпревар). зс/
Фото: ЕПА