• четврток, 26 декември 2024

Италијански мафијаш уапсен, објавувал готварски видеа на Јутјуб

Италијански мафијаш уапсен, објавувал готварски видеа на Јутјуб
Рим, 30 март 2021 (МИА) - Италијански мафијаш за кого беше распишана меѓународна потерница, е уапсен, бидејќи самиот тој ги покажувал своите готварски вештини преку видеоснимки на Јутјуб. Италијанската полиција преку интернет стигнала до Марк Ферен Клод Бјарт (53), следејќи ги објавените снимки на Јутјуб... Имено тој и го криел лицето со маска, но заборавил да си ги покрие тетоважите. Бјарт е член на мафијашката организација „Ндрангета“. Тој е во бегство од 2014 година, кога беше распишана потерница за апсење под обвинение за трговија со дрога во Холандија. Бил уапсен во Доминиканската Република минатата среда и чека да биде испорачан во Италија.  си/

Остани поврзан