• недела, 06 октомври 2024

Италијански воен авион се урна за време на вежби, загина петгодишно девојче

Италијански воен авион се урна за време на вежби, загина петгодишно девојче

Рим, 16 септември 2023 (МИА)  -  Италијански воен авион се урна за време на вежби во близина на Торино, при што падна врз автомобил и усмрти петгодишно девојче, додека пилотот преживеа, јавија денеска италијанските медиуми.

Деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се со тешки повреди. Сите повредени имаат изгореници од различен степен и се пренесени во болница. зш/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан