• среда, 25 декември 2024

Италијанските гиганти во „лов“ на Гудмундсон

Италијанските гиганти во „лов“ на Гудмундсон


Рим, 14 мај 2024 (МИА) – Италијанските фудбалски гиганти Интер, Јувентус и Наполи покажуваат голем интерес за исландскиот напаѓач Алберт Гудмундсон (26), кој го носи дресот на Џенова од јануари 2022 година.
Откако пристигна во Серија А, Гудмундсон постигна 31 голови на 84 натпревари, а оваа сезона 14 пати се запиша во листата на стрелци и додаде три асистенции, привлекувајќи голем интерес од клубовите.
Според „Скај Спорт Италија“, „војната“ со понуди се разгорува, а најголем интерес покажуваат Интер, Јувентус и Наполи, додека надвор од Италија со Гудмундсон се поврзуваат и англиските прволигаши Тотенхем и Вест Хем.
Исландскиот репрезентативец дојде во Џенова од холандски АЗ Алкмар за сума од 1,5 милиони евра. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан