• петок, 27 декември 2024

Италијанските власти заплениле милионски имот стекнат со нелегална активност на организација раководена од Албанец и Италијанец

Италијанските власти заплениле милионски имот стекнат со нелегална активност на организација раководена од Албанец и Италијанец

Тирана, 10 јули 2024 (МИА) - Италијанските власти за борба против мафијата, заедно со Guardia di Finanza од Фиренца, денеска ја извршиле наредбата за прелиминарна заплена на имотот, главно на Албанци, но и нивни соработници, Италијанци, обвинети за перење пари преку системот на проневера и сопственост на барови и ресторани во центарот на Фиренца, објавија албанските медиуми.

-Запленети се речиси половина милион евра скриени во стан, како и дијаманти и разновиден накит, вредни 2 милиони евра, две возила ферари, а конфискуван е имот односно  ресторан и  кафе-слаткарница, сопственост на Албанци. Во меѓувреме, продолжува процесот на проверки и заплена на 14 комерцијални дејности со кои менаџирале Албанци. На чело на оваа организација биле Албанецот,  Елуерт Камани и Италијанецот, Алесандро Биги (претседател на фудбалскиот тим Искијае, поранешен голман на Наполи и Фиорентина), наведува Ора њуз.

Оваа нивна „активност“ ја започнале  во 2012 година, за да денес поседуваат имот вреден 13,5 милиони евра, лалп што се 31 бизнис во секторот ресторани и барови, два хотела, еден автосалон, фабрика за пиво.

Според медиумите контроли на деловни објекти и станови биле извршени и во Албанија, во градовите Валона, Елбасан, Тирана и Драч, во соработка со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК и  Националното биро за истраги. вт/сд/
Фото: Guardia di Finanza
 

Остани поврзан