• вторник, 24 декември 2024

Италијанскиот фудбалски прволигаш Специја премина во рацете на американски бизнисмен

Италијанскиот фудбалски прволигаш Специја премина во рацете на американски бизнисмен
  Рим, 11 февруари 2021 (МИА) – Американскиот бизнисмен Роберт Платек е нов сопственик на Специја, потврди денеска италијанскиот фудбалски прволигаш. Висината на зделката не е соопштена, а италијанските медиуми објавија дека станува збор за околу 22 милиони евра, додавајќи оти цената може да биде и пониска доколу Специја на крајот од сезоната испадне од Серија А. - Среќни сме поради тоа што ја купивме Специја Калчо. Серија А е елитно натпреварување и ние веќе некое време баравме шанса за партнерство со италијански клуб, соопшти семејството Платек. Специја е формирана во 1906 година, а минатото лето за прв пат во клупската историја избори пласман во Серија А. Екиата од северозападна Италија во моментов е 16-то пласирана во Серија А со шест бодови над зоната за испаѓање/ Со продажбата на семејството Платек, Специја стана петтиот клуб во италијанското првенство во сопственист на америански инвеститори, по Милан, Парма, Фиорентина и Рома. Во минатото за Специја играа македонскиот Горан Пандев и поранешниот македонски репрезентативец Ацо Стојков. ег/

Остани поврзан