• сабота, 27 јули 2024

Италијанскиот министер Урсо предлага стимулации за купување автомобили од домашно производство

Италијанскиот министер Урсо предлага стимулации за купување автомобили од домашно производство

Рим, 7 септември 2023 (МИА) - Италијанските граѓани искористиле 80 отсто од владините стимулации за купување автомобили од странско производство, изјави министерот за индустрија Адолфо Урсо, најавувајќи измени во програмата.

Промената ќе треба да ја поддржи транзицијата кон поеколошки возила и домашно производство на автомобили, објасни министерот Урсо.

„Приказ на ситуацијата покажува дека 80 отсто од стимулациите се наменети за автомобили произведени во странство и увезени во Италија“, рече денеска Урсо пред италијанскиот Парламент .

Досега Италија финансираше купување на електрични и хибридни автомобили, како и најмодерни модели со внатрешно согорување, усогласени со стандардот Еуро 6.

Урсо рече дека во моментов на патиштата во Италија има повеќе од 11 милиони автомобили кои загадуваат. „Мора да направиме нешто“, истакна тој.

Промената на стимулациите треба да биде на агендата на разговорите меѓу Владата и „Стелантис“, единствениот голем италијански производител на автомобили, за сеопфатен план за италијанската автомобилска индустрија до 2030 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан