• сабота, 23 ноември 2024

Италијанскиот амбасадор во посета на Општина Струмица

Италијанскиот амбасадор во посета на Општина Струмица
Струмица, 1 мај 2021 (МИА) - Во посета на Општина Струмица денеска беше амбасадорот на Република Италија во нашата држава, Андреа Силвестри, кој притоа се сретна со градоначалникот Коста Јаневски. -Блискоста на двата народи, поголемиот број наши сограѓани кои живеат и работат во Италија и досегашната плодна соработка ни отворија повеќе теми за разговор, меѓу кои, можностите за размена на искуства во имплементацијата на нови методи во земјоделството, со цел поттикнување на органското производство со оглед на тоа што струмичкиот е еден од најголемите земјоделски региони во државата, информираа од Општината. Амбасадорот Силвестри ги потенцирал досегашните пријателски односи меѓу двете држави, а посебно меѓу Општина Струмица и Амбасадата на Република Италија, промовирајќи ги можностите за меѓуопштинско збратимување. Амбасадорот Силвестри и градоначалникот Јаневски ја посетија и Европската куќа, кадешто гостинот бил информиран за нејзиното работење, а се разговарало за можностите на младите луѓе да се едуцираат и усовршуваат во престижни италијански универзитети. Италијанскиот амбасадор ги посети и манастирите во Водоча и Вељуса. рт/нд/

Остани поврзан