• недела, 22 декември 2024

Италијанска компанија изработи плексиглас боксови за плажи

Италијанска компанија изработи плексиглас боксови за плажи
Рим, 21 април 2020 (МИА) – Италијанската компанија „Нуова Ноон“ излезе со концепт што ќе овозможи да се почитуваат мерките за социјална дистанца на плажите. Повратните информации за идејата засега не се премногу позитивни затоа што многумина тврдат дека овој концепт едноставно не е одржлив во Италија. Ова е можеби прв пат уживањето во плажа да не звучи привлечно за многумина, а целата летна сезона е сериозно доведена во прашање заради пандемични мерки на коронавирус. Нивната идеја се состои од „коцки“ изработени од плексиглас, во кои луѓето можат да уживаат во плажа и сонце на безбедно растојание едни од други. Кутиите се дизајнирани да им овозможат на одделни групи луѓе да избегнуваат интеракција со други посетители на плажа. Коцките се широки две и четири и пол метри и внатре можат да се стават два столба за  чадор, така што има малку простор за движење. - Невозможно е, според мое мислење. Не знам за сите плажи во Италија, но ова решение е невозможно да се спроведе насекаде заради топлината што ја испушта плексигласот", вели Лука Паолило, претседател на „Bagning Riviera del Conero“. Тој додава дека некои плажи се под постојани налети на ветер, па постои опасност тој да ги „однесе“ коцките. Се очекува првите пратки од овие коцки да пристигнат за три недели. зс/

Остани поврзан