• вторник, 12 ноември 2024

Италијанската полиција уапси 33 лица во операција против мрежа на кинески дилери кои переле пари за криминални организации

Италијанската полиција уапси 33 лица во операција против мрежа на кинески дилери кои переле пари за криминални организации

Рим, 4 октомври 2023 (МИА) - Италијанската полиција денеска уапси 33 лица во операција против мрежа на кинески дилери кои наводно испрале повеќе од 50 милиони евра на групи за шверц на дрога. Меѓу овие групи беше и калабриската мафија Ндрангета.

Според полковникот Франческо Руис од италијанската финансиска гарда, кој ја водеше денешната операција, она што беше специфично за овој случај е поврзаноста помеѓу мафијашката организација Ндрангета и кинеските компании кои обезбедуваат нелегални финансиски услуги.

Меѓу уапсените има и седум кинески државјани. Апсењата беа извршени во Рим и во шест други италијански градови.

Запленети се околу 10 милиони евра во готовина од таканаречените „мазги на пари“ кои имале задача да ги однесат парите во странство.

Неколку истраги кои неодамна беа спроведени во Италија покажаа како нарко-картелите сè повеќе користат матни мрежи на нелиценцирани кинески дилери за да перат пари и да вршат тајни прекугранични плаќања.

Перењето пари во последниот истражен случај се случило во компании кои увезуваат и извезуваат облека и додатоци во областа Есквилино во Рим. Овие компании служеа како центри за собирање пари од нелегални активности, кои потоа беа префрлени во Кина без да може да се следи.

Истрагата беше потпомогната од пристапот до шифрирани разговори на платформа затворена во 2021 година од заедничкиот истражен тим на Европол. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан