• четврток, 26 декември 2024

Италијанската полиција му одзела возачка дозвола на поднапиен пешак

Италијанската полиција му одзела возачка дозвола на поднапиен пешак

Милано, 21 февруари 2024 (МИА) - Полицијата во Италија му ја одзела возачката дозвола на поднапиен пешак. Ова се случило во градот Комо на 30 ноември, а за целиот случај проговори адвокатот на казнетиот Ивано Киеза.

Човекот бил на вечера со пријател, а се паркирал на место каде што не смеел, па општинската полиција решила да му напише казна. Кога излегле од ресторанот, двајцата им пришле на полицајците да проверат што се случува, а чуварите на редот решиле да ги подложат на алкотест.

- Алкотестот на мојот клиент покажа нешто повисока вредност од дозволената. Му ја одзедоа возачката дозвола и покрај тоа што мојот клиент во тој миг не возел, ниту пак, бил штотуку излезен од автомобилот. Тој бил само пешак, изјави неговиот адвокат за „Л'унит“ (L'Unit).

Човекот решил да ја обжали одлуката и жалбата била прифатена.

- По одлуката на судијата, повторно отидовме во полиција за да ја вратиме возачката дозвола, но полицајците се спротивставија, велејќи дека мојот клиент прво треба да направи медицински тестови за да се утврди неговата способност за возење. Затоа реков дека ќе ги пријавам. Но, ми беше кажано дека тоа е вообичаена практика, рече адвокатот.

Судот го прифатил барањето на адвокатот, дозволувајќи да му биде вратена возачката дозвола на неговиот клиент. Но, на 22 февруари повторно ќе има ново рочиште.  си/

 

Остани поврзан