• петок, 27 декември 2024

Италијанската полиција заплени шест тони хашиш и уапси тројца Бугари

Италијанската полиција заплени шест тони хашиш и уапси тројца Бугари
Рим, 20 јуни 2021 (МИА) - Италијанската полициска служба, специјализирана за борба против шверц на наркотици соопшти дека запленила шест тони хашиш од јахта, која пловела под американско знаме. Тројцата членови на екипажот, идентификувани како државјани на Бугарија, се приведени и одведени во затвор во Палермо, јави Индепендент. Според полицијата, вредноста на дрогата на црниот пазар би изнесувала околу 13 милиони евра. јт/

Остани поврзан