• петок, 27 декември 2024

Италијанец обвинет за приложување лажен ПЦР тест

Италијанец обвинет за приложување лажен ПЦР тест
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 59-годишен италијански државјанин за кривичното дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик, откако се обидел да помине на аеродромот во Скопје со лажен ПЦР тест. - Обвинетиот, на 23 април, се обидел да отпатува преку Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков документ не му е издаден, тој лажната исправа ја употребил како вистинска пред службените лица на аеродромот, се вели во соопштението од ОЈО. аа/сп/

Остани поврзан