• четврток, 19 декември 2024

Исјановски: Се формира комисија за случајот во поликлиниката во Драчево

Исјановски: Се формира комисија за случајот во поликлиниката во Драчево

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Се формира комисија, здравствениот дом е значи сериозна организација гледате и во вакцинирањето и во пандемијата го преземаме најголемиот товар. Јас таа снимка ја видов во понеделникот на некој од порталите, меѓутоа на таа снимка не гледам вработени, не гледам пациенти, гледам само некое лице како снима музика во некои долни простории, информираше директорот на Здравствениот дом Скопје, професор доктор Виктор Исјановски, прашан за коментар за ситуацијата во поликлиниката во Драчево што се случи пред некој ден, дали ќе следат санкции и која е процедурата.

- Затоа ќе формираме комисија, не можам никого да обвинам ни дали тоа било во утринските часови, дали било во попладневните часови. Затоа што таа поликлиника не работи во попладневните часови. Дали било во ноќните часови, затоа ќе си се формира комисија и соодветно ќе се реагира, подвлече Исјановски.

Д-р Маја Манолева, заменик министер за здравство, рече дека со Исјановски разговарале на оваа тема.

- Кон вработените кон коишто ќе се констатира несоодветно однесување на работното место, ќе биде покрената соодветна постапка. Сите ние како здравствени работници, еве и јас и директорот, имаме обврска соодветно да се однесуваме и на работното место, но и надвор од работното место, нагласи Манолева. бд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан