• четврток, 26 декември 2024

Исчистено приземјето на ТЦ „МДХ“

Исчистено приземјето на ТЦ „МДХ“

Дебар, 13 март 2024 (МИА) - Општина Дебар во рамки на активностите за чист град, реализираше акција за расчистување на насобран отпад во приземјето на трговскиот центар „МДХ“.

- Апелираме до корисниците на просториите во трговскиот центар, каде извршуваат одредени дејности, но и граѓаните да бидат посвесни и да не фрлаат отпад и да не ја загадуваат животната средина, апелираат од Општината, преку објава на „Фејсбук“.

Оттаму искажуваат голема благодарност до вработените во ЈКП „Стандард“ за максималната ангажираност.

Во ТЦ „МДХ“, на двата ката, сместени се повеќе деловни простории главно за продажба на текстил.

До пред десеттина години, приземјето и делот пред него, беа градски пазар.

По изградбата на новиот пазар, овој дел не се користи, па несовесните го претвораат во депонија. вт/бд/

Фото: Општина Дебар - Фејсбук

Остани поврзан