• среда, 25 декември 2024

Исчистени повеќе диви депонии во општините Гази Баба, Аеродром и Карпош

Исчистени повеќе диви депонии во општините Гази Баба, Аеродром и Карпош

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје расчистила големи количества отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош.

Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, на последната станица на автобусот 45 во населбата Ченто отстранета е обемна дива депонија составена од приближно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и органски отпад.

Подигнати биле 15 кубни метри претежно градежен и кабаст отпад одложен на јавна површина на улицата „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром.

- Екипите на претпријатието интервенираа и на неколку локации во општината Карпош, каде се расчистени 10 кубни метри непрописно одложен отпад на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и две диви депонии лоцирани на улиците „Никола Парапунов“ и „Јуриј Гагарин“, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“, се вели во соопштението. мд/бак/

Фото: „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан