• сабота, 28 декември 2024

Исчистени дивите депонии кај селата Миравци и Смоквица

Исчистени дивите депонии кај селата Миравци и Смоквица
Гевгелија, 16 февруари 2022 (МИА) - Акцијата за расчитување на дивите депонии, што ја организира општина Гевгелија во соработка со јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги даде првите резултати со целосното средување на дивите депонии во близина на населените места Миравци и Смоквица. По собирањето на расфрленото ѓубре, локациите беа израмнети со багер и на нив вработените на ,,Комуналец“  поставија ознаки за забрането фрлање на отпад како последна опомена за несовесните граѓани дека понатаму ќе се применуваат поригорозни казни за депонирање отпад на тие локации. -Заштитата на животната средина е една од нашите приоритетни задачи и за таа цел ќе реализираме повеќе акции и проекти, но најпрво добро е да ги исчистиме расфрлените отпадоци, кои ги има насекаде, поточно покрај секое населено место, рече гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов. Од општината упатија апел до граѓаните кои живеат во селата на територијата на општина Гевгелија, отпадот да не го фрлаат на недозволени локации и да не создаваат диви депонии затоа што комуналците во сите населени места поставија доволен број на контејнери за ѓубре. им/вј/

Остани поврзан