• недела, 28 јули 2024

Исчистени големите одрони на регионалниот пат Делчево - М.Каменица

Исчистени големите одрони на регионалниот пат Делчево - М.Каменица
Делчево, 9 октомври 2021 (МИА) - Исчистени големите одрони на регионалниот пат Делчево - М.Каменица. Од „Македонија пат" информираат дека големите одрони на магистралата А3 пред раскрсницата за село Бигла, се исчистени пред половина час и сообраќајот се одвива непречено.
-Наши екипи се на терен за проверка и расчистување на останатиот дел од магистралата каде има поголеми одрони, истакнаа од претпријатието.
Поради обилниот дожд оттаму апелираат на внимателно возење на патот Делчево - М.Каменица - Кочани, бидејки опасноста од појавата од нови одрони долж споменатиот патен правец и понатаму постои. вс/ац/

Остани поврзан