Исчистена отворена каналска мрежа за наводнување од 97,80 километри на Водостопанство ,,Тиквеш"
- Исчистена е отворена каналска мрежа за наводнување од 97,80 километри на Водостопанство ,,Тиквеш", информираше денеска за МИА, Александар Стојанов, раководител на сектор во подружницата ,,Тиквеш", на АД Водостопанство. Оваа подружница обезбедува вода за наводнување за земјоделските култури во општините Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско. Известувањето за состојбата на каналите за наводнување и другите речни водотеци, била една од точките на дневен ред и на синоќешната седница на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци.

Кавадарци, 9 април 2025 (МИА) - Исчистена е отворена каналска мрежа за наводнување од 97,80 километри на Водостопанство ,,Тиквеш", информираше денеска за МИА, Александар Стојанов, раководител на сектор во подружницата ,,Тиквеш", на АД Водостопанство. Оваа подружница обезбедува вода за наводнување за земјоделските култури во општините Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско. Известувањето за состојбата на каналите за наводнување и другите речни водотеци, била една од точките на дневен ред и на синоќешната седница на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци.
- Динамиката на подготовка на системите за наводнување се одвива континуирано и постојано. Системите за наводнување во поголем дел се подготвени за претстојната сезона за наводнување. Исчистена е, искастрена, отворена каналска мрежа за наводнување од 97, 80 километри. Се продолжува со санација на лоцирани дефекти. На пумпните станици после извршената демонтажа и сервисирање, пристапуваме кон монтажа и оспособување на истите. На 3 април почнавме со дистрибуција на вода за наводнување. Сезоната за наводнување започнува на 15 април и ние сме спремни, подвлече Стојанов.
Во врска со речните водотеци, Водостопанство ,,Тиквеш" имало изготвено оперативен план за заштита и одбрана од поплави и програма за заштита од штетно дејство на водите за 2025 година. свд/дма/
Фото : Водостопанство ,,Тиквеш"