• петок, 27 декември 2024

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Лoндон, 9 јануари 2023 (МИА) – Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат на глобално ниво е причина за половина милион смртни случаи годишно, бидејќи поради недостиг на опрашувачи, светската популација нема пристап до здрава храна, покажува научната студија објавена во списанието „Енваројментал хелт перспективс“.

Три четвртини од сите култури бараат опрашување, но популацијата на многу инсекти кои опрашуваат драстично се намалува, при што се губат три до пет проценти од овошните култури, зеленчукот и јаткастите плодови, пишува „Гардијан“.

Како резултат на тоа, луѓето консумираат помалку здрава храна, а тоа значи дека околу еден процент од сите рани смртни случаи може да се припишат на исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат.

Истражувачите во причини за рана смрт ги вклучија срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и некои видови на рак.

Според научниците, ризикот од развој на овие болести може да се намали со поздрава исхрана.

Ова е прва студија која го поврзува исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат со последиците по здравјето на луѓето.

– Клучна алка која недостасува во дискусијата за биолошката разновидност досега беше недостигот на директната поврзаност со здравјето на луѓето, рече еден од водечките автори на студијата, д-р Семјуел Мајерс.

Според него, постои решение, а тоа е да се создадат соодветни услови за опрашување на инсектите, што подрабира ограничување на употребата на пестициди. рп/

Остани поврзан