• среда, 25 декември 2024

Исчезната жена по две години пронајдена среде океан (видео)

Исчезната жена по две години пронајдена среде океан (видео)
Богота, 30 септември 2020 (МИА) - Жена од Колумбија која две години се водела како исчезната, беше пронајдена жива на два километра од брегот на градот Пуерто Колумбија, во водите на Атлантскиот Океан. Анхелика Гаетан (46) случајно ја пронашол рибарски брод во саботата. Таа просто, лебдела во водата без пловило. Била истоштена, со хипотермија и не знаела каде се наоѓа. Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена изминативе две години и како завршила во океанот. Според тамошните медиуми, таа останала во вода најмалку осум часа пред да биде префрлена в болница. Долго време била во шок. Нејзиното семејство веќе почнало да собира пари за таа да се врати во Богота. си/паг/ https://youtu.be/GYkBgO1i0v4

Остани поврзан