• среда, 13 ноември 2024

Ист Гејт Мол ја рационализира потрошувачката на струја

Ист Гејт Мол ја рационализира потрошувачката на струја
Скопје, 19 август 2022 (МИА) -  Ист Гејт Мол, секојдневно, по завршување на работното време, ќе го исклучува декоративното осветлување на фасадата на трговскиот центар, со исклучок на ЛЕД екранот заради техничките карактеристики, соопштија денеска од компанијата. Оттаму истакнуваат дека преземаат активности за рационализација на потрошувачката на електрична енергија и пред и по донесувањето на мерките од страна на Владата. Бараат поедноставување на административните процедури поврзани со добивање одобренија и дозволи за инсталирање на системи и технологии за користење на обновливи извори на енергија. Извршниот директор на Ист Гејт Мол, Игор Давков  вели дека трговскиот центар веќе има направено рационализација на внатрешното осветлување со вградување на сензори за движење и со исклучување на дел од јавните коридори од осветлување во периодите кога има дневна светлина.  Исто така користи последна генерација на ВРФ систем за ладење и греење кој има висока енергетска класа која овозможуваат ладење и греење на објектот со исклучително економична потрошувачка на електрична енергија, а сите стаклени површини се со соодветен термички карактеристики кои овозможуваат рационализирање на потребите пред се во зимски услови кога има потреба од загревање на просторот. -Во делот на инвестициите за користење на обновливи извори на енергија, компанијата работи на избор на најповолно решение за инсталирање на систем на фото волтаици на кровната конструкција. Според техничките проценки на проектантите, трговскиот центар ќе може да ја замени сегашната потрошувачка за електрична енергија за осветлување на трговскиот центар со овој систем. Оваа инвестиција според нашите иницијални проценки ќе изнесува 800.000 евра и ќе се реализира во 2023 година, најавува во пишана изјава Давков. Од Ист Гејт Мол  упатуваат апел до администрацијата за поедноставување на административните процедури поврзани со добивање одобренија и дозволи за инсталирање на системи преку кои деловните субјекти ќе можат да ги користат потенцијалите на природата и се повеќе да инвестираат во технологии со кои делумно или целосно ќе направат транзиција кон користење на обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка.лв/са/  

Остани поврзан