• четврток, 26 декември 2024

Истражување: Ковид 19 може да се справи со релативна влажност од 50 проценти

Истражување: Ковид 19 може да се справи со релативна влажност од 50 проценти
Конектикат, 2 април 2020 (МИА) - Новиот коронавирус Ковид 19 се пренесува од болни на здрави лица многу поретко при релативна влажност на воздухот од 40 до 60 проценти отколку при пониска или поголема влажност. Истражувањето на американски и швајцарски научници за влажноста што го ослабува вирусот е објавена во Годишниот преглед на вирологијата, цитиран од Универзитетот Јеил. Експериментите со глувци покажале дека вирусите како САРС-КоВ-2 можат најлесно да се справат со релативна влажност од 50 проценти. Сувиот ладен воздух најмногу придонесува за заболувања со Ковид 19. Научниците сметаат дека истражувањето им дава можност да направат врска помеѓу времето и ширењето на болеста. Тие повикуваат во текот на зимата да се користат навлажнувачи на воздухот и да се избегнуваат затворени места со слаба вентилација затоа што оваа инфекција главно се пренесува преку контакти на луѓето. Во март, Медицинскиот центар на Универзитетот Стенфорд објави дека речиси секој петти заразен со новиот коронавирус се заразува и со други респираторни вируси. паг/

Остани поврзан