• среда, 25 декември 2024

Истражување: Тежината на трудницата има мало влијание врз онаа на детето

Истражување: Тежината на трудницата има мало влијание врз онаа на детето
Бристол, 8 февруари 2022 (МИА) - Индексот на телесна маса (БМИ) на бремената жена има многу помало влијание врз тежината на детето отколку што претходно се веруваше, покажа ново истражување објавено во списанието „БМЦ“. Според тоа, дебелината кај децата не може да биде предизвикана од тежината на мајката во бременоста. БМИ е мерка за следење на промените во тежината. Децата со висок БМИ, со возраст од 25 години или повеќе, имаат поголема веројатност да имаат прекумерна тежина поради фактори на животната средина, а не поради тежината на нивната мајка додека била бремена. - Факторите на животната средина вклучуваат сè што ги тера децата да јадат повеќе и да вежбаат помалку, вели авторот на трудот, Том Бонд, научен соработник на Универзитетот на Бристол, Велика Британија. Истражувачите користеле податоци собрани во долгорочните истражувања „Деца од 90-тите“ и „Родените во Бредфорд“ сосредоточувајќи се на возраста 1 - 4 години и 10 - 15 години.  „Децата на 90-тите“ е долгорочна истражувачка група којашто почна со над 14.000 бремени жени во раните 1990-ти. „Родените во Бредфорд“ е програма што ги анализира здравствените податоци на над 30.000 луѓе во Бредфорд, Велика Британија. Резултатите покажале дека има мала врска меѓу БМИ на мајката и тежината на бебето при раѓањето, но тоа исчезнало додека детето растело. - Иако БМИ на тинејџерите е поврзан со БМИ на нивните мајки, тоа е поверојатно поради наследните гени и факторите на начинот на живот, а не толку поради влијанијата во утробата, рече Бонд. Според него, околината и начинот на живот на детето, како што се живеењето близу ресторани за брза храна или подалеку од големи зелени површини, може многу повеќе да влијаат на БМИ на детето.  си/

Остани поврзан