• петок, 27 декември 2024

Истражување: Продуктивноста на работа е најниска помеѓу 15 и 18 часот

Истражување: Продуктивноста на работа е најниска помеѓу 15 и 18 часот

Сан Франциско, 15 декември 2023 (МИА) - Мнозинство работници и менаџери, 71 отсто, веруваат дека доцните попладневни часови е најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, според истражувањето на Слек (Slack), филијала на калифорниската компанија Сејлсфорс.

Тоа истражување е спроведено во соработка со агенцијата Квалтрикс (Qualtricks) на повеќе од 10.000 испитаници.

Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, што значително опаѓа помеѓу 14 и 17 часот, велат експертите.

На вработените им се советува да работат лесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан