• четврток, 26 декември 2024

Истражување: Поддршката за британското кралско семејство на рекордно ниско ниво

Истражување: Поддршката за британското кралско семејство на рекордно ниско ниво

Лондон, 28 април 2023 (МИА) - Јавната поддршка за кралското семејство во Велика Британија, во пресрет на крунисувањето на кралот Чарлс Трети што ќе се одржи на 6 мај, е на историски најниско ниво покажуваат резултатите од новото истражување.

Анкетата на Националниот центар за социјални истражувања покажува дека само тројца од 10 Британци мислат дека монархијата е „многу важна“, што е најниско ниво на поддршка во историјата. Според наводите, вкупно 45 отсто од испитаниците се изјасниле дека монархијата треба да се укине, дека таа воопшто не е важна или не е од големо значење.

Во едно минатогодишно истражување, 35 отсто од испитаниците дале еден од тие три одговори.

Новото испитување посочува дека бројот луѓе кои мислат дека монархијата е „многу важна“ е на најниско ниво од 1983 година, т.е. почетокот на собирањето на овие податоци во Кралството. Само 12 отсто од луѓето на возраст 18 - 34 години ја сметаат монархијата за „многу важна“, во споредба со 42 отсто од оние со над 55 и години.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан