• среда, 25 декември 2024

Истражување: Ноќното улично осветлување ги прави лисјата нејадливи за инсектите

Истражување: Ноќното улично осветлување ги прави лисјата нејадливи за инсектите

Пекинг, 5 авгyст 2024 (МИА) - Ноќното улично осветлување може да влијае на растенијата, создавајќи продолжена фотосинтеза. Тоа, пак, ги прави лисјата премногу тврди, така што инсектите не можат да ги јадат, што е закана за синџирот на исхрана, според ново научно истражување спроведено во Кина, објави „Гардијан“.

- Забележавме дека, во споредба со природните екосистеми, лисјата на дрвјата во повеќето урбани екосистеми, општо земено, покажуваат малку знаци на оштетување од инсекти. Бевме љубопитни зошто се случува ова?, вели авторот на истражувањето, Шуанг Џанг од Кинеската академија на науките.

Испитувањата потврдија дека дрвјата во градот се помалку нападнати од инсекти кои јадат лисја отколку во руралните области.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан