• среда, 27 ноември 2024

Истражување: Најдолгата позната инфекција со коронавирус траела 505 дена

Истражување: Најдолгата позната инфекција со коронавирус траела 505 дена
Лондон, 22 април 2022 (МИА) - Најдолгата инфекција со новиот коронавирус кај човек, пред да почине од последици на Ковид-19, траела 505 дена, објавија денеска британските научници. Претходно, беше познат случај кога лице било позитивно на САРС-КоВ-2 цели 335 дена. Кај повеќето луѓе кои се инфицираат со вирусот, телото може само да го надмине и да ја победи инфекцијата, но пациент кој бил позитивен 505 дена по ред имал сериозно ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети. Првиот позитивен тест го имал на почетокот на 2020 година, а потоа пациентот бил позитивен на сите други тестови, се до неговата смрт во 2021 година. Истражувачите, кои го проучувале вирусот кај девет пациенти со Ковид во Лондон, откриле дека нови варијанти на ковид може да се појават кај имунокомпромитирани лица. Научниците од лондонскиот Кралски колеџ и НХС Фондацијата ги претставија своите резултати од истражување на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести во Лисабон. ссм/

Остани поврзан