• четврток, 26 декември 2024

Истражување: Дури 65 отсто од антиваксерите во Грција не се вакцинираат бидејќи „одбиваат да сторат нешто што им е наметнато“  

Истражување: Дури 65 отсто од антиваксерите во Грција не се вакцинираат бидејќи „одбиваат да сторат нешто што им е наметнато“   
Атина, 12 јануари 2022 (МИА) – Одбивањето да сторат нешто што им е наметнато за 65 отсто од антиваксертите во Грција е главната причина зошто нема да се вакцинираат, додека пак 57 проценти сметаат дека вакцината не е проверена или е експериментална, според истражувањата на јавното мислење на агенцијата „Focus Bari | YouGov“, во кое акцентот е ставен на оние кои не планираат да се имунизираат, јави дописничката на МИА од Атина. Четири од пет Грци рекле дека или се веќе вакцинирани или имаат закажан термин или планираат да се вакцинираат, додека пак останатите се двоумат или не планираат, односно осум отсто рекле дека можеби ќе се вакцинираат, а може и не, а девет проценти дека веројатно или сигурно нема да ја примат вакцината. Од испитаниците кои рекле дека немаат намера да се вакцинираат, како причини освен „одбивањето да сторат нешто што им е наметнато“ и дека „вакцината не е проверена или е експериментална“ ги навеле и стравот од долгорочни или директни несакани дејства, додека пак двајца од десет (21 отсто) одговориле дека „пандемијата е измислена“. Според резултатите, жителите на Солун се побројни меѓу антиваксерите, за разлика од оние од Атина, антиваксерите се најбројни на возраст меѓу 25 и 34 години, а во Грција има повеќе жени антиваксери отколку мажи. Истражувањето било спроведени во периодот од 21 до 31 декември 2021 година со учество на 1.002 лица на возраст од 18 до 74 години. Агенцијата спровела осум истражувања во текот на 2021 година, од јануари до крајот на декември за да го следи текот на процесот на вакцинација во земјата и според резултатите, од почетокот на годината па сè до октомври бил забележан тренд на зголемување на намерата за имунизација кај Грците, додека пак во последните три месеци останува нивото останува непроменето. ср/сд/

Остани поврзан