• среда, 25 декември 2024

Истраги против дилери на дрога од Скопје

Истраги против дилери на дрога од Скопје

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Оновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „неовластено призводство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, осомничениот 31-годишник и неговата 20-годишна девојка, во домот во кој живееле заедно на улицата „Христо Татарчев 1“, како и во двата автомобили кои ги користеле, држеле наркотична дрога – марихуана и амфетамини чие количество е предмет на вештачење за што се издадени соодветни наредби од јавниот обвинител. Против осомничените, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје предложи да биде определена мерка притвор.

Истрага за „неовластено призводство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ е поведена и против 25-годишен скопјанец, во чиј дом на улицата „Владимир Ангеловски Дади“ полицијата пронашла речиси 1,5 килограм марихуана во три најлонски пакувања. И за ова лице надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување притворска мерка. дма/нд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан