• четврток, 19 декември 2024

Истрага проти едно лице за марихуана пронајдена во автомобил на наплатна станица Сопот

Истрага проти едно лице за марихуана пронајдена во автомобил на наплатна станица Сопот
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 38 години за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На лицето му е определено притвор во траење од 30 дена. Како што соопшти Јавното обвиителство на Република Северна Макеоднија, на 14 септември, осомничениот неовластено набавил 489,4 грама наркотична дрога марихуана од две засега непознати лица од Скопје. За дрогата платил 80.000 денари и ја ставил во својот автомобил спакувана во ќеса, по што се упатил кон Велес. - На наплатната станица Сопот полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата. Бидејќи оцени дека се исполнети законските основи – опасност од бегство можност за влијание во постапката и можност за повторување на постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, посочуваат од Јавно обвинителство.фф/са/

Остани поврзан