• среда, 25 декември 2024

Истрага за сексуално злоставување на СП за фудбалерки

Истрага за сексуално злоставување на СП за фудбалерки

Сиднеј, 4 август 2023 (МИА) – ФИФА почна истрага поврзана со обвинение за сексуално злоставување во репрезентацијата на Замбија на Светското првенство за фудбалерки кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

Од ФИФА денеска најавија строги казни доколку истрагата покаже дека обвиненијата биле основани.

Неколку европски медиуми објавија дека за сексуално злоставување е обвинет замбискиот селектор Брус Мвапе, кој, наводно, ги допирал градите на една фудбалерка пред дуелот против Костарика, но ФИФА не изнесе детали околу истрагата.

„Можеме да потврдиме дека обвинението кое го добивме се однесува на репрезентацијата на Замбија и оти истрагата е во тек. Секое обвинување за непристојно однесување го разгледуваме многу сериозно и постои јасна процедура за пријавување на такви случаи“, соопшти ФИФА.

Замбиската фудбалска репрезентација, како и новозеландската полиција, објавија дека до нив не е доставена пријава за сексуално злоставување во табор на африканската селекција. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан